„Шамарот му ја крена цената“: Крис Рок профитира од скандалот на Оскарите

крис рок
Крис Рок / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Сè уште не стивнуваат реакциите во јавноста по шокантниот настан на 94-тото доделување на Оскарите. Популарниот актер Вил Смит му удри шамар на Крис Рок, откако комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

Во моментот ова случување е топ тема, а многумина очекуваа Вил Смит да се сноси со последиците поради насилството на церемонијата која се пренесуваше во пограма во живо, но, Рок одлучи да не поднесе тужба против Смит.

Овој скандал привлече големо внимание, а неговите ефекти позитивно ќе се одразат на комичарот, пренесуваат странските медиуми. На социјалните мрежи корисниците коментираат дека Крис Рок можеби ќе треба дури и да му се „заблагодари“ на Смит за ваквата промоција.

Имено, Рок треба да започне со турнеја на 30 март, а минималната цена на билетот за неговите настапи во претходните месеци чинеше 46 долари. По инцидентот, минималната цена на билетот скокна и до 341 долари.

Покрај драстичното поскапување на билетите, се зголемила и побарувачката за неговиот настап, а организаторите најавија дека за само еден ден продале повеќе билети за настапот на Крис Рок отколку што продале од моментот кога почнала продажбата.

Повеќе написи на темата:

ФОТО | Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шамарот

 

Ова се актерите кои се обидоа да го смират Вил Смит: Кога си на врвот, тогаш ѓаволот доаѓа по тебе

 

Експресно: Вил Смит и Крис Рок добија понуда од 10 милиони фунти за боксерски меч

 

ФОТО | Џејда Пинкет Смит дијагнозата ја добила во 2018: Вил Смит поради шегата за болеста го удри Крис Рок

 

Академијата не одобрува насилство: Дали Оскарот на Вил Смит ќе биде одземен?

 

ФОТО | Холивудската шлаканица ги шокираше сите: Погледнете како реагираа ѕвездите на „шамарот“ на Оскарите!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот