ФОТО | Џејда Пинкет Смит дијагнозата ја добила во 2018: Вил Смит поради шегата за болеста го удри Крис Рок

Фото: Профимедиа/ Инстаграм

Вил Смит го удри Крис Рок на Оскарите затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга која има болест поради која ја изгубила косата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)


Оскарите беа обележани со инцидент кога Смит го удри комичарот Рок пред милионската публика.

При објавувањето на една од наградите, Рок се пошегува со изгледот на сопругата на Вил, Џејда Пинкет Смит. Џејда носи веќе неколку години носи многу кратка коса откако ѝ беше дијагностицирана алопеција во 2018 година. Оваа болест предизвикува опаѓање на косата, а Џејда храбро зборуваше како опаѓањето на косата влијаело на неа и како нема да го покрива со перики.

Фото: Профимедиа

Алопеција може да се појави каде било на телото, но најчесто се појавува на главата и тоа повеќе кај мажите. Причините можат да бидат наследни, медицински или поради хормонски промени. Постои и алопеција која настанува поради честото стегање на косата и фризури кои ја оштетуваат.


Џејда јавно проговори за болеста и стравот, како и за терапијата која не ѝ помогнала.

– Првиот пат кога почнав да ја губам косата, бев преплашена. Се туширав и во раката ми останаа цели прамени коса. О, Боже, зарем јас ќелавеам? Се тресев од страв. Затоа ја истрижав косата и ќе продолжам да да носам кратка коса – рече актерката. Џејда, поради оваа автоимуна болест, добива стероидни инјекции, но и самата признала дека тие „не и помагаат многу“.

Кога Рок се пошегува на сметка на нејзината кратка коса и ѝрече дека ќе глуми во вториот дел од „Џи Ај Џејн“ – во кој Деми Мур беше ќелава – Смит прво се насмеа, а потоа излезе на сцената и му удри шлаканица на Рок притоа пцуејќи го.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

Џејда Пинкет-Смит со емотивна изјава за битката со автоимуната болест: Јас и оваа алопеција ќе бидеме пријатели… и точка!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот