Крис Рок пред 13 години тврдеше дека никогаш нема да се потсмева со Вил Смит

крис рок
Фото: EPA-EFE

Шамарот што Вил Смит му го удри на Крис Рок по несмасната шега со која ја навреди сопругата на актерот, Џејда, е несомнено најозборуваниот момент во изминатите два дена.

Крис Рок и Вил Смит се познаваат цели 26 години, а нивното пријателство изгледаше навидум цврсто и хармонично. Рок еднаш дури тврдеше дека има само тројца луѓе со кои никогаш нема да се потсмева, меѓу кои го спомена и Вил Смит.

Меѓутоа, се чини дека 26-годишното пријателство изгледа потурбулентно отколку што мислеа обожавателите. Крис Рок исто така во минатото соработуваше со парот Смит. За првпат се појави со Вил Смит во ултра популарната серија „The Fresh Prince of Bel-Air“ во 1990-тите, а потоа соработуваше со Џејда на анимираниот филм „Madagascar“

Крис и Џејда се чинеше дека се многу добри пријатели додека патуваа низ светот заедно присуствувајќи на прес конференции, филмски премиери и настапи на црвениот тепих за да промовираат три филма од франшизата на „Madagascar“ во периодот меѓу 2005 и 2012 година.

Крис го позајмуваше гласот на зебрата Марти, додека Џејда беше гласот на нилскиот коњ Глорија во анимираната франшиза. Иако можеби физички не се појавуваа заедно на екранот, постојано беа гледани пријателски расположени.

крис рок
Џејда и Крис на 65. Филмски фестивал во Кан со екипата на „Madagascar“ / Фото: EPA/IAN LANGSDON

Тврдеше дека неговите шеги никогаш нема да бидат насочени кон Смит

Пријателството на Крис со моќниот холивудски пар беше толку силно што тој во минатото тврдеше дека неговите шеги никогаш нема да бидат насочени кон Вил. Покрај Смит, тој ги спомна Барак Обама и Бред Пит.

„Обама е само еден од тие момци, знаете, како Вил Смит. Нема шеги за Вил Смит. Нема шеги за Бред Пит. Што да се каже? „Ох, порано имаше секс со Џенифер Анистон сега со Анџелина Џоли. Ти си таков губитник“, изјави Крис Рок во 2009 година за „Си-Ен-Ен“.

Се чини дека искрите започнаа уште за време на Оскарите во 2016 година кога Вил и Џејда ја прескокнаа церемонијата. Тогаш Рок ја исмејуваше Џејда и нејзиниот бојкот на Оскарите.

„Кога Џејда ги бојкотира Оскарите, тоа е како јас да ги бојкотирам гаќите на Ријана“, изјави Рок на оскаровската сцена во 2016 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Captain D (@ymi.sofly)

Вил Смит јавно му се извини за шамарот

Да потсетиме, Смит вчера на својот инстаграм-профил јавно му се извини на Крис Рок за шамарот.

„Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравјето на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно. Претерав и згрешив. Се срамам и моите постапки не се во согласност со човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубовта и добрината“, порача Смит. „Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Бев надвор од себе и згрешив“, напиша Смит.

 

 

ФОТО | Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шамарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот