Рики Џервејс се пошегува за скандалот на Оскарите: Таа има алопеција. Не е многу весело кај нив дома

Рики Џервејс
Рики Џервејс / Фото: EPA-EFE

Британскиот актер Рики Џервејс се пошегува за скандалот што го предизвика Вил Смит на Оскарите. На својот твитер-профил тој објави стара шега за алопеција од неговиот ситком „The Office“.

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок затоа што се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит која се бори со алопеција. Додека холивудската елита гласно рангира за или против Смит, британскиот комичар реши во негов стил да се пошегува на целата ситуација.

Така, тој објави извадок од култната серија „The Office“ каде го глумеше несмасниот менаџер Дејвид Брент.

„Особено за неговата сопруга. Таа има алопеција. Така што… Не е многу весело кај нив дома“, во краткото видео Дејвид им кажува на групата вработени.

Исечокот беше емитуван како дел од втората епизода од втората сезона на хит серијата, во која Брент ги убедува вработените да се опијанат за време на паузата за ручек.

„Добредојдовте во групата анонимни алкохоличари! Не, чисто за друштво. Познавам некој што е алкохоличар и не е смешно, особено за неговата сопруга. Таа има алопеција. Значи… Не е многу весело кај нив дома“, вели Брент во целата сцена.

Иако Рики не додаде никаков контекст на снимката, јасно е зошто ја објави токму сега. Тој претходно најави што би рекол доколку ги водел Оскарите.

„Би започнал со „Здраво. Се надевам дека ова шоу ќе ги развесели обичните луѓе кои гледаат од дома. Ако на пример сте невработени, тешете се со фактот дека дури и да имате работа, вашата годишна плата веројатно нема да биде колку вредноста на торбите со подароци што ги добија актерите“, напиша комичарот. „Горд сум што можам да објавам дека ова е најразновидното и најпрогресивно доделување на Оскарите досега. Гледам луѓе од сите сфери на општеството. Секоја демографска група што постои под сонцето. Освен сиромашните, очигледно. Кој ги врти“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот