Крис Рок се огласи за шамарот од Вил Смит на Оскарите

вил смит
Фото: Профимедиа

Крис Рок се врати на своите ангажмани во средата вечер за првпат откако Вил Смит му удри шамар на Оскарите.

Комичарот за првпат јавно проговори за инцидентот што се случи на престижната церемонија. Тој на својот настап во театарот Вилбур во Бостон беше пречекан од публиката со овации кои траеле неколку минути, а комичарот на почетокот рекол дека можат да го расплачат.

„Како ви помина викендот?“ ги праша на почетокот на настапот, а низ салата избувна гласна смеа.

крис рок
Крис Рок / Фото: Принтскрин/Инстаграм/chrisrock

„Нема да кажам еден куп сра*а за тоа што се случи, па ако дојдовте да го слушнете тоа, го напишав шоуто пред овој викенд. И сè уште некако работам на она што се случи, па ќе зборувам за тоа во одреден момент. И ќе биде сериозно и ќе биде смешно, но сега ќе кажувам некои шеги“, рече тој.

Комичарот кој моментално е на турнејата „Ego Death“, потоа го продолжил својот настап. Рок се вратил на сцената за вториот настап околу еден час подоцна.

крис рок
Крис Рок / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Тој уште еднаш бил пречекан со аплауз. Потоа се осврнал на веста дека Вил Смит лично разговарал со него.

„Не сум разговарал со никого, и покрај тоа што го слушнавте“, рече тој.

Повеќе написи на темата:

 

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

 

ФОТО | Вил Смит јавно му се извини на Крис Рок за шамарот

Крис Рок пред 13 години тврдеше дека никогаш нема да се потсмева со Вил Смит

 

ВИДЕО | Не му е прв испад: Вил Смит му удри шамар на новинар во 2012

 

Рики Џервејс се пошегува за скандалот на Оскарите: Таа има алопеција. Не е многу весело кај нив дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот