Постер со израелски заложници во Газа/Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Нетанјаху тврди дека се живи само 20 од 50-те заложници што ги држи Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште еднаш во четвртокот вети дека неговата армија ќе го победи палестинското исламистичко движење Хамас, наведувајќи исто така дека во Појасот Газа сè уште има 50 израелски заложници, од кои се проценува дека 20 се живи.

„Ќе ги победиме овие чудовишта и ќе ги вратиме нашите заложници дома“, увери Нетанјаху за ултраконзервативната американска телевизиска мрежа „Њузмакс“ во интервју што го даде и емитуваше вчера.

Шефот на израелската влада изрази надеж дека „во рок од неколку дена“ 10-те преостанати живи заложници ќе бидат ослободени, како дел од 60-дневниот договор за прекин на огнот во палестинската енклава, кој е во фаза на преговори.

„Од 50-те заложници во Газа, „20 дефинитивно се живи, а околу 30 не се“ и „сакам да ги вратам сите“, рече тој. Тој појасни дека предлогот што е во фаза на преговори предвидува ослободување на 10 живи заложници и околу половина од телата. „Се надевам дека ќе можеме да го постигнеме ова (договор) за неколку дена“.

На крајот од неговата тридневна официјална посета на Вашингтон вчера, Нетанјаху во соопштението изјави дека ќе започне разговори за дефинитивно завршување на војната откако ќе се спроведе прекинот на огнот.

„Ова треба да се направи според минималните услови што ги постави“, рече израелскиот премиер: „Хамас да го положи оружјето, Газа да се демилитаризира, да нема повеќе владини или воени капацитети на Хамас. Ова се фундаменталните услови што ги поставуваме.“

Палестинското движење ги отфрла овие услови.

Доколку условите на Израел не бидат исполнети во преговорите во рок од 60 дена, Нетанјаху вети дека неговата влада „ќе ги постигне на други начини“, со други зборови, со „моќта на нашата херојска армија“ – со продолжување на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот