Несторовски и Трајковски исфрлени во Трета лига

EPA/CORRADO LANNINO

Екипата на Палермо, наместо во баражот за пласман во Серија А, сезоната ќе ја заврши како последнопласиран тим во Серија Б и во следната сезона ќе игра во третата лига.

Италијанската фудбалска федерација го казни Палермо, со праќање на екипата еден ранг подоле, поради бројните нерегуларности во финансиското работење на екипата.
Главен виновник за казната од страна на Италијанската федерација е поранешниот сопственик Мауро Замперини кој преку клубот перел пари.

До моментот на изрекување на казната, Палермо, за кого настапуваат македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски, по 36 одиграни кола во Серија Б, се наоѓаше на третото место и имаше обезбедено место во баражот за пласман во Серија А. По казната, таа позиција ќе му припадне на тимот на Перуџа.

Раководните луѓе на Палермо најавија жалба на одлуката на Федерацијата, но малку се шансите таа да биде прифатена и од следната сезона, Трајковски и Несторовски, доколку останат во тимот ќе играат во третата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот