Непроценливи совети од Лав Толстој за среќен живот – Кога ќе го сфатите ова, ќе добиете се што сакате!

profimedia

Лав Толстој (1828-1910) бил припадник на руското благородништво, а неговото семејство поседувало голем имот и стотина слуги. Раните години на младиот благородник биле исполнети со разврат, неморал и насилство.

„Убивав луѓе во војни и ги предизвикував на двобои за да ги убијам”, напишал тој. „Губев на карти, ги искористував селаните, ги осудував на казни, живеев развратен живот, мамев луѓе … така живеев 10 години”.

Но, Толстој постепено го отфрлил неговиот декадентен начин на живот, како и наследните верувања за неговото аристократско потекло, усвојувајќи радикален, неконвенционален светоглед кој ги шокирал неговите современици.

Неговите зборови до ден-денес се цитираат. Во нив се крие мудроста и тајната на среќен и исполнет живот. Можеме да научиме многу за уметноста на живеење преку мислите на Толстој, па затоа ги издвојуваме неговите најубави цитати:

profimedia

1. Сите мислат како да го променат светот, а никој не размислува како да се промени себеси.

2. Цени ги добрите мисли и туѓите кога ќе ги познаеш. Ништо нема да ти помогне толку многу како добрите мисли за да ја исполниш вистинската задача во твојот живот.

3. Никогаш не ги слушајте оние што зборуваат лошо за другите, а добро за вас.

4. Без физичка работа нема здраво тело ниту здрави мисли во главата.

5. Она што поминало веќе не постои, што ќе биде сè уште не е дојдено. Па што тогаш постои? Само онаа точка во која се среќаваат минатото и иднината. Во таа точка е целиот наш живот.

6. Двајцата најмоќни воини се трпеливоста и времето.

profimedia

7. Разговарајте само за она што ви е јасно, во спротивно молчете.

8. Плашливиот пријател е пострашен од непријателот затоа што се плашите од непријателот, а му верувате на пријателот.

9. Да се греши е дело на човекот, да се оправдуваат гревовите е дело на ѓаволот.

10. Повеќето мажи бараат од своите жени доблести до кои ни самите не се придржуваат.

11. Совеста е гласот на душата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот