Непредвидени ситуации го одложија стартот на Првата лига

kfsm.mk

Почетокот на домашното првенство во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/2020 е одложен, информираат од македонската кошаркарска федерација.

Иако беше предвидено натпреварувањата во сениорската вофзрасна категорија – машка конкуренција да започнат во претстојниот викенд (5. октомври 2019 поради непредвидени новонастанати ситуации, почетокот на натпреварувачката сезона се одложува.

Да потсетиме, претходно е објавено дека згасна кошаркарскиот клуб АВ Охрид, повеќе можете да прочитате на следниот ЛИНК

Главна причина за оваа одлука на Донески се финансиите, тој не може сам да го спонзорира клубот откако нема ништо ветената помош од КФСМ, градот Охрид…

Бројот на клубови во Првата лига изнесува 10, прашање е дали ќе остане со тој број или лигата ќе има 12 како што се најавуваше досега од федерацијата.

Засега во најсилната конкуренција остануваат МЗТ Скопје Аеродром, потоа Академија ФМП, Еуро Никел 2005, Кожув, Вардар, Пелистер, Работнички, Гостивар, Куманово и МЗТ Скопје Аеродром АД.

Да потсетиме дека распоредот на натпревари од првото коло во најдобрата кошаркарска лига за сезоната 2019/2020 требаше да изгледа вака: Академија ФМП-Работнички, Еуро Никел 2005-Гостивар, Кожув-Охрид, МЗТ Скопје Аеродром АД-Куманово 2009 и Вардар-Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот