На пет дена до стартот на првенството, згасна АВ Охрид

На неполни недела ден од стартот на Суперлигата, кошаркарската Македонија денеска доживеа неверојатен шок, АВ Охрид згасна. Сопственикот на клубот кој пред неколку години беше дел и од АБА2 лигата, Милчо Донески, реши да го згасне клубот и веќе е упатен допис до Кошаркарската федерација на Македонија (КФСР) дека клубот нема да постои на кошаркарската мапа.

Главна причина за оваа одлука на Донески се финансиите, тој не може сам да го спонзорира клубот откако нема ништо ветената помош од КФСМ, градот Охрид…

Во текот на летниот преоден рок, АВ Охрид беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а амбициите досегаа и до плејофот. За тренер беше ангажиран Марјан Илиевски кој лани ја водеше Блокотехна, а беа донесени и искусни дошаркари Марјан Младеновиќ, Игор Пенов, Александар Штерјов, Адем Мекиќ и Војче Левкоски, а како странци беа донесени Игор Мијајловиќ, Данило Мијатовиќ и Маркус Џексон.

Летово дури два клуба згаснаа кои беа во приватна сопственост, пред Охрид, тоа го стори Томе Главчев со Блокотехна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот