Неотворена игра „Супер Марио 64“ на „Нинтендо“ продадена на аукција за 1,56 милиони долари

супер марио 64
Фото: Принтскрин / Heritage Auctions

Неотворена игра „Super Mario 64“ на „Nintendo“ е продадена на аукција за рекордни 1,56 милиони долари, пренесува „abc7ny“.

Аукциската куќа „Heritage“ во Далас соопшти дека играта од 1996 година била продадена во неделата, соборувајќи ја претходната рекордна цена за продажба на единствена видео игра. Купувачот засега останува анонимен за јавноста.

„Super Mario 64“ беше најпродаваната игра на „Nintendo 64“ и прва што го имаше ликот на Марио во 3Д“, се вели во соопштението од аукциската куќа.

На оваа неверојатна продажба ѝ претходела продажбата на неотворената копија на „The Legend of Zelda“ на „Nintendo“ која во петокот била продадена на аукција за 870,000 американски долари.

супер марио 64
Фото: Принтскрин / Instagram

Валери Меклеки, специјалист за видео игри изјави дека аукциската куќа била шокирана кога видела дека играта се продава за повеќе од еден милион долари два дена откако играта на Зелда го сруши својот минат рекорд.

Во април, аукциската куќа продаде неотворена копија на „Super Mario Bros“ на „Nintendo“, купена во 1986 година и заборавена во фиока за 660.000 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот