Неочекувана идеја за Џејмс Бонд, позната актерка се споменува за култната улога
Шпекулациите за тоа кој ќе биде новиот Џејмс Бонд не стивнуваат со месеци, а сега се појави и едно неочекувано име – актерката Сидни Свини.
Препорачано
По заминувањето на Даниел Крег во 2021 година, по филмот „Нема време за умирање“ (No Time to Die), бројни актери се најдоа на листата фаворити за култната улога. Меѓу нив, изненадувачки, се спомнува и ѕвездата од серијата „Еуфорија“ (Euphoria).
Идејата прв ја изнесе режисерот Пол Фиг, кој смета дека Свини би можела да донесе сосема нова димензија на ликот.
„Би сакал Сидни да биде следниот Бонд. Имаше многу кул Бонд-девојки, но ајде – нека биде супершпионка. Таа е исклучително вредна, професионална и паметна. Мислам дека би била одлична во таа улога“, изјави Фиг.
Во меѓувреме, актерот Реже-Жан Пејџ, кој важи за еден од главните фаворити, призна дека интересот на јавноста околу ова прашање станал премногу интензивен.
„Чудно е, не е нормално. Обемот на разговори околу тоа е навистина голем, па се обидувам да останам фокусиран и приземен“, изјави тој.
Покрај Пејџ, како можни кандидати се споменуваат и Џејкоб Елроди, Калум Тарнер, Арон Тејлор-Џонсон, Идрис Елба, Тео Џејмс, Џонатан Бејли, Џејмс Нортон, Џек Лоуден и Хенри Кавил.
Иако новиот Џејмс Бонд сè уште не е избран, познато е дека следниот филм ќе го режира Денис Вилнев, режисерот на „Дина“ (Dune), што дополнително ги зголемува очекувањата.
Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми на филм: „Премногу е секси, сосема е погрешен избор“


