Миле Кузмановски/Фото: Вангел Тануровски

ВИДЕО | Миле Кузмановски ја откри вистинската приказна за хитот „Не кани ме“

Уникатна случка раскажа Миле Кузмановски, вистинската приказна за неговиот голем хит „Не кани ме“.

Фолк-пејачот се возел во автомобил со авторот на музиката Орце Лазаров и тогаш за првпат ја слушнал мелодијата на песната која подоцна ќе биде прогласена за песна на векот.

-Со неговиот автомобил си одиме накај дома, еве како сега паметам. И ми вели: „Имаме една песна, направив деновиве, убаво е да ја чуеш“. Ајде викам, пушти ја. Само што почна песната, ја слушнав до пола некаде. „Дај ми ја касетата, извади ја. Ова е моја песна!“ Некако ја почувствував веднаш. Вечерта му се јавив на Борче Нечовски и му реков: „Имам прекрасна мелодија, ми треба убав текст“. „Добро, утре да се видиме“, немаше како сега можности, телефони. На касетка. Утредента се видовме на кафе, му ја дадов. Вечерта ми се јави накај девет-десет, ми вика: „Песната е готова. Сè се случи за една ноќ, за неколку часа“, раскажа пејачот во емисијата „Никој да не знае“ на ТВ Телма која ја води Катерина Тодевска-Спасиќ.

Пејачот потоа рече дека на песната ѝ требало време да се избори за да стане голем хит.

-Еруптираше. Тогаш се слушаше македонската музика, особено „Цветници“, „Валандово“. Самите музичари ја одбраа како песна за да ја свират на вечерните настапи. Всушност, ние самите ја пробивме. Јас ја пеев секоја вечер по три-четири пати, оркестрите, колегите ја прифатија, народот ја прифати и дојде таму кај што е – најслушана песна на векот“, се присети пејачот.

Во една прилика, за весникот „Дневник“, авторот Орце Лазаров рече дека зад песната се крие вистинска љубовна приказна и е направена за семејни релации.

-Ја создадов од срце, искрено и без претензии дека мора да биде хит. Во тој период се случи несреќата со Владимир Нејашмиќ-Бато, текстописец и композитор и комплетно заборавив на песната, која сè уште немаше текст. Миле Кузмановски сакаше да земе моја композиција-раскажал Лазаров. Авторот на стиховите за „Не кани ме“, Борче Нечовски, не сакал да открива детали за песната, но рекол дека темата е чувствителна и дека во прашање се семејни релации, а ако се откријат, тоа може да им наштети на одредени луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот