Необичен рецепт на Стефанија Несторовска: Полнети ванила круши

Фото: Приватна архива

Инвентивната Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com, денеска ни носи рецепт за круши, но приготвени во едно поинакво кулинарско руво.

Здрав десерт што се подготвува брзо и лесно. Крушите го подобруваат варењето, богати се со антиоксиданти, а заедно со екстрактот од ванила му даваат одличен и богат вкус на овој деликатес.

Меѓу другото, ова е одличен деликатес и за оние што избегнуваат глутен во својата исхрана.

Состојки:

За круши:

– 4 круши
– 1 лажица кокосово масло, стопено
– 1/2 лажичка ванила

За филинг:

– 140 гр (1 филџан) индиски ореви, киснети во вода 1 час или повеќе
– 120 мл (1/2 филџан) млеко од јаткасти плодови или вода
– 2 лажици агаве или друг течен засладувач
– 1/2 лажичка ванила

За топинг:

– гранула или ситно исечкани јаткасти плодови

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Се загрева рерната на 200 степени.

Убаво се премиваат крушките и се сечат на две вертикални половинки. Се вадат семките и се прави мала дупка во секоја половинка. Остатоците што ќе останат може да се искористат за нешто друго, на пример, за смути.

Се додаваат крушките во тава за печење. Јас користев керамички сад, но може каква било тава за печење.
Во мал сад се додаваат кокосовото масло и ванилата. Се промешува и оваа смеса со четка за мачкање или со рака се додава на крушките. Убаво се премачкуваат сите подеднакво. Се печат 20-30 минути односно готови се кога ќе омекнат и ќе добијат убави карамелизирани крајчиња.

Во меѓувреме се подготвува филингот. Се премиваат индиските ореви со ладна, чиста
вода и се додаваат во блендер заедно со другите состојки за филингот. Се блендира додека не се добие кремаста смеса. Оваа смеса се остава во фрижидер, додека се печат крушките и додека се ладат.

Крушите се оставаат малку да се изладат пред да се додаде ванила филингот.

Се додава и топингот одозгора – и тоа е тоа. Може да ги чувате во затворен сад, на собна температура два дена или во ладилник 3-4 дена.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот