Немате среќа во љубовта? Применете ги овие две правила и гледајте како се случува чудо

Постојат само две правила во љубовните односи кои навистина функционираат, а важат и за жените и за мажите…

Руската новинарка Морена Морана тврди дека треба да ги фрлите сите книги за добар секс и врски, односно, како што вели таа „книгите за тоа како да имате секс и како да се омажите“. Таа смета дека врската и бракот треба да ги поучите од две едноставни правила – дали врската е комплицирана или не, и дали врската ви носи радост или негативни чувства.

Врската би требало да биде едноставна

Ако личноста уште во првата минута ви делува како ваш познаник, таа е вредна за вашето време. Понекогаш само 15 минути заедничко поминато време може да покаже дека некој е како создаден за вас и дека вие сте му важни повеќе отколку на лицето кое го познавате со години. Едноставното значи добро, тешкото значи лошо.

Не морате на никому ништо да му докажувате, особено ако тоа енергетски ве троши. Не морате да се прилагодувате на секого, ниту да бркате било кого. Бидејќи, праксата покажала дека доколку тоа го направите еднаш, тоа ќе се очекува да го правите секој пат.

Комплицираните и тешки односи погодни се само за оние на кои им е досадно и кои имаат многу слободно време. За останатите, тоа е само губење на времето и нервите. Не влегувајте во комплициран однос, оној во кој би требало да играте онака како што другиот свири. Порано или подоцна ќе ги изгубите нервите, но и скапоценото време. Не дозволувајте никој да ве вовлече во тоа.

љубов жена

Вашата врска би требало да носи радост

Штом љубовниот однос престане да биде обоен со радост и започне да мириса на било какво несогласување, би требало да прекинете. Немојте да се навикнувате на раскинувања, солзи, тага и депресија. Тоа не е нормално, тоа е пат од кој можете тешко да се извлечете доколку еднаш влезете.

Некои луѓе прифаќаат вакво однесување и однос со години, а некои во екстремни случаеви никогаш не ни изглегуваат од него. Но, таквите луѓе имаат и проблеми сами со себе.

врска љубов

Во врската би требало да бидете поради среќа, не поради децата, не поради тоа дека едноставно е така, не од навика. Секогаш бидете толку себични, така што сопствената среќа ќе ви биде приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот