Нелсон Узеир ќе се бори за злато на Светското јуниорско првенство во кикбокс

Уште една победа за Нелсон Узеир на Светското кикбокс првенство/фото: facebook.com/pece.maksam

Продолжуваат успешните настапи на македонскиот кикбоксер Нелсон Узеир на Светското првенство во Италија за деца, кадети и јуниори.

Нашиот натпреварувач кај јуниорите во дисциплината кик лајт (-89 кг.) успеа да обезбеди финале. На претпоследната пречка Узеир со 3:0 го совлада Италијанецот Франческо Криваро.

Во борбата за златниот медал ќе се бори против Самед Агдеве од Турција кој со 3:0 триумираше над домашнит кикбоксер Рафаел Черубино.

Претходно Узеир оствари и победа проитв Унгарецот Торок Винце (3:0).

Во женска конкуренција во дисциплината лоу кик категоријата до 56 кг., Јадранка Темелкова го освои бронзениот медал. Таа во полуфиналето загуби со 3:0 од Анита Муминовиќ од Босна и Херцеговина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот