Неколку летни активности за деца во кои „лежат“ многу опасности

деца ентеровироза
Фото: Profimedia

Голем број родители летниот период го поминуваат на отворено. Ако не можат да одат на годишен одмор, поголемиот дел од времето го поминуваат во своите дворови и градските паркови, а тука лежат и многу опасности.

Студија објавена од „SafeHome“ открива дека постојат неколку работи на кои треба да внимаваат мајките, татковците, бабите, дедовците и старателите.

Трамполина

Според студијата, 3193 лица побарале итна помош за своето дете по инцидент поврзан со трамполина. Препорачливо е да проверите дали појасите на трамполината се дорбо стегнати, дали е добро поставена заштитната мрежа и постојано да го надгледувате детето додека скока.

Според „National Electornic Injury Survellance System“ повеќе од 100.000 луѓе во САД претрпуваат повреди предизвикани од трамполини секоја година. Од нив, дури 85% се повреди на деца. Повеќето повреди вклучуваат скршеници.

дете

Тобоган

Студијата открива дека минатата година биле регистрирани 1.618 инциденти поврзани со тобогани. Никогаш не се спуштајте низ тобоган со детето во скут. Иако можеби звучи смешно, морате да го научете своето дете дека треба да се спушта надолу со нозете пред него.

Лулашки

Повеќе од 1469 деца биле повредени по инцидент поврзан со лулашки. За да го избегнете ова, проверете дали лулашката е во добра состојба пред да му дозволите на вашето дете да седне на истата. Исто така, игнорирајте го барањето на вашето дете да го лулате „побрзо“, „повеќе“ или „посилно“.

одмор деца

Базени

Давењето е главната причина за смрт кај деца на возраст од една до четири години. Секогаш надгледувајте ги вашите деца кога се во базенот колку и да ви изгледа „плиток“.

Отворени балкони

Минатата година, 2.793 деца завршиле во одделот за итни случаи поради повреди здобиени на отворен балкон или трем. Сите родители треба да ги обезбедат балконите, особено отворите помеѓу решетките. А се препорачува и да се постави заштитна врата на врвот и на дното на скалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот