Нека биде полна сала: РК Вардар ја бара поддршката в сабота против Рајн Некар

фото: rkvardar.mk

Ракометниот клуб Вардар 1961 в сабота од 19.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го игра првиот натпревар од квалификациите за ЕХФ Лига Европа против германскиот Рајн Некар.

Скопските „црвено-црни“ ја бараат поддршката од навивачите во обидот играчите на Владо Недановски да дојдат до поволен резултат пред реваншот кој ќе се игра на 3 септември.

Двократниот европски шампион посакува полни трибини како во старите добри денови: „Купи навреме билет за полна сала во сабота“.

Повеќе информации околу цените на влезниците на следниот линк ТУКА и преку продажната мрежа на Мктикетс.

Потсетување дека доколку Вардар 1961 успее да излезе како победник во двомечот со Германците, во новата сезона од ЕХФ Лига Европа ќе игра во групата „А“ со Нант (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Бенфика (Португалија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот