Неизвесен е настапот на Никола Маркоски на ЕП, селекторот Лазаров експресно повика замена од Алкалоид
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, пред стартот од подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, се соочи со проблем поради кој мораше да го повика младиот ракометар на Алкалоид и кадетски репрезентативец, Марко Стојковиќ.
Препорачано
Стојковиќ кој ќе биде дел од подготовките во Маврово, е повикан во репрезентацијата поради повредата на искусниот Никола Маркоски за кого во последен момент ќе биде донесена одлука дали ќе патува за Унгарија каде Македонија ќе ги игра натпреварите од групата А против Словенија, Данска и Црна Гора.
– Дополнително го повикав Марко Стојковиќ во последен момент. Јас бев информиран дека Никола Маркоски е повреден, но имав информација дека оди во нагорна линија неговата повреда, дека се беше океј. Но, вчера во консултација со нашиот доктор не информираа дека е доведен во прашање неговиот настап на Европското првенство, со обѕир на тоа каква е сериозноста на повредата. Затоа бев приморан да викнам играч од сличен калибар, со дефанзивни квалитети што може да го замене. Во Маврово ќе оди и Никола со нас ќе се обидеме да го опоравиме, но како ќе поминуваат деновите ќе знаеме на што сме – изјави Лазаров.


