Меган Маркл и принцот Хари - фото: AFF, AFF / Alamy / Profimedia

Недоразбирање или лаги? Принцот Хари и кралската палата влегоа во нов конфликт

Принцот Хари беше во Торонто на почетокот на ноември, каде што учествуваше во низа настани посветени на воената традиција и ветераните, но палатата вели дека најавата за неговото присуство ги изненадила.

Ново недоразбирање меѓу принцот Хари и Бакингемската палата избувна по неговото неодамнешно патување во Канада по повод Денот на сеќавањето.

Иако неговиот тим тврди дека кралското семејство ги добило информациите за патувањето на време, извори од палатата им кажуваат на британските медиуми спротивно – дека веста ги изненадила и дека не е вистина дека биле информирани.

Ситуацијата е особено чувствителна бидејќи Хари наводно понудил да го сподели својот официјален распоред со семејството претходно оваа година – обид да се олесни врската и да се избегнат идните преклопувачки ангажмани. Таквата транспарентност, според изворите, треба да ги намали тензиите што постојат откако Хари и Меган Маркл ги напуштија кралските должности во 2020 година и се преселија во Соединетите Држави.

Распоредот на Хари во Канада вклучуваше средби со најстарите ветерани во Канада и учество во креативни програми во Центарот за ветерани во Торонто. Тоа беше и неговото прво големо патување по кратката средба со кралот Чарлс во септември – нивната прва лична средба за речиси две години, која поранешниот кралски советник ја опиша како „голем чекор напред“.

Тензиите повторно се зголемија откако Хари и Меган присуствуваа на раскошната забава по повод 70-тиот роденден на Крис Џенер во вилата на Џеф Безос во Беверли Хилс. Двојката се појави заедно со познати личности, меѓу кои Мараја Кери, Парис Хилтон и Адел, но набрзо избувна контроверзност кога нивните заеднички фотографии исчезнаа од Инстаграм профилот на Крис Џенер и Ким Кардашијан. Додека извори блиски до двојката тврдат дека фотографиите биле отстранети затоа што не дале согласност за објавување, други присутни тврдат дека воопшто немало поставено услови за објавување на фотографии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот