Недев најуспешен македонски каратист за 2019 година

фото: фејсбук

Најдобар клуб е Работнички кој слави јубилеј 50 години постоење, додека кај младинците се одвои клубот „Шихан“ од Струмица.

Беа избрани најдобрите каратисти за минатата година од страна на македонската традиционална карате федерација. Во сениорска конкуренција кај мажите прогласен за најуспешен каратист е Дејан Недев, а кај жените Јадранка Недева.

Најдобар клуб е Работнички кој слави јубилеј 50 години постоење, додека кај младинците се одвои „Шихан“ од Струмица.

Потоа, најдобар тренер кај сениорите е Венцислав Недев, а во младинска конкуренција Атанас Василев.

Самет Еседов и Мила Саздова се најдобри кај младинците, односно јуниорите, а во кадетска конкуренција Ведран Андоновски и Антонија Белазелкоска.

Награди им беа доделени и на најмалите категории во двете конкуренции.

МТКФ за придонес и развој на овој спорт во нашата држава им додели признанија и плакети на: КК Работнички, Даниел Димевски од Владата на РСМ, Владимир Богоевски и Сашо Поповски од МОК, Зоран Михајлов – новинар, ветеранот Ристо Сакалиев и на македонските судии во традиционалното карате Ѓоко Томовски, Антонио Зврцинов, Сашо Спасовски, Љупчо Миленковски, Бојан Богдановски и Берта Милевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот