„Небото се отвори“: Панчев за незаборавниот реванш меч против Баерн (ВИДЕО)

twitter.com/OldFootball11

– Беше таква лудница на теренот и надвор од него што не знаевме каде се наоѓаме – се зборовите на македонската „Кобра“.

Поранешниот напаѓач на Црвена Звезда, Дарко Панчев за српскиот медиум „МОНДО“ зборуваше за историскиот натпревар против Баерн Минхен.

Токму на денешен ден, 24 април 1991 година, екипите на Црвена Звезда и Баерн Минхен го одиграа еден од највозбудливите натпревари во европскиот фудбал.

И по се изгледа, ќе гледаме продолженија, двапати по 15 минути…Радиновиќ, Радиновиќ кон Биниќ. Пред него е брзиот Ефенберг…Југовиќ, Југовиќ…Југовиќ кон Панчев, Југовиќ! Просинечки е тука, Просинечки…Михајловиќ во средина…2:2! Гол, гол, гол, гооооо! Небото се отвори, стадионот експлодираше! – се дел од зборовите на тогашниот спортски коментатор за тој натпревар, Милојко Пантиќ.

Во култниот реванш од полуфиналето на тогашниот Куп на европските шампиони, одигран пред 80.000 илјади гледачи на белградската „Маракана“, „црвено-белите“ во последните моменти и неверојатниот автогол дојдоа до 2:2 и пласман во големото финале во кое подоцна беа подобри од Олимпик Марсеј и Панчев го донесе најголемиот успех на југословенскиот фудбал.

– Кога се сеќавам на тој натпревар, секако прво на памет ми доаѓа неговата важност и значење кое го имаше. Потоа, преубавата атмосфера на преполниот стадион и на крајот среќниот автогол кој нам некој од горе ни го подари, затоа што и го заслуживме – рече Панчев.

Токму Македонецот го најави учеството на Црвена Звезда во големото финале, откако претходно во Минхен на првиот меч донесе израмнување во 45 минута, а потоа и победа од 1:2 обезбедување преку Савичевиќ.

Притисокот беше огромен, а Германците уште еднаш ја потврдија „изреката“ дека играат до крај и дека против нив нема опуштање. Немаше некој посебен договор пред реваншот, бидејќи сите одлично се познававме помеѓу себе и секој знаеше што треба да направи. Се сеќавам само дека на паузата имаше малку повеќе подигнати тонови, бидејќи во првото полувреме покажавме индивидуална себичност. Поради атмосферата и важноста секој сакаше да се истакне, а требаше веќе да водиме со 2:0 или 3:0. Тоа на крајот можеше и да ни се врати како „бумеранг“. Беше таква лудница на теренот и надвор од него што не знаевме каде се наоѓаме – додаде Панчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот