Не стивнуваат реакциите по смртта на Момчило Крајишник

BAN01-20000403-BANJA LUKA, BOSNIA: (FILES) A September 1993 file photo of top Bosnian Serb official Momcilo Krajisnik, a long time ally of Radovan Karadzic, who has been arrested, it was confirmed by NATO Monday 3rd April 2000. Krajisnik was under a secret indictment by the UN warcries court in The Hague on charges of genocide, crimes against humanity and warcrimes. He is "now being processed for transfer to The Hague" said NATO chief George Robertson. EPA PHOTO/DRAGO VEJNOVIC

За некого херој, за некого воен злосторник.

По смртта на првиот претседател на собранието на сојузна република Босна и Херцеговина се огласи хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ.

„Тој ќе остане запаметен како потписник на шесте стратешки цели на геноцидната политика. Неговата улога во геноцидот е детално објаснета во пресудите на Хашкиот трибунал, а за Крајишник не може да се зборува надвор од контекстот на тие пресуди“, рече тој за босанските медиуми.

За разлика од Комшиќ, претставникот на Србите во Претседателството, Милорад Додик истакна дека со заминувањето на Момчило Крајишник, Република Српска остана без еден нејзин основач, голем патриот кој жртвуваше најголем дел од својот живот за создавање и опстанок на Република Српска.

„Момчило Крајишник ќе остане запишан со посебни букви во историјата на нашата Република и нашиот народ во Република Српска, кои со неговото заминување го загубија искрениот и вистински патриотизам“ напиша Додик во телеграмата со сочувство до семејството Крајишник.

Смртта на Крајишник ја коментираше и Претседателот на Здружението на сведоци и жртви на геноцид, Мурат Тахировиќ.

„Осуден е за воени злосторства и ќе биде запамтен како воен злосторник“, изјави тој за босанските медиуми.

Поранешниот претставник на босанските Срби почина утрово на 75 годишна возраст во Универзитетски клинички центар на Република Српска во Бања Лука заради компликации од КОВИД-19.

 

Хашкиот трибунал во 2009 година го осуди Крајишник, за прогон и депортација на цивилите од бошњачка и хрватска националност во десет босански општини. Тој беше обвинет дека помеѓу 1 јули 1991 година и 30 декември 1992 година, заедно со Биљана Плавшиќ, Слободан Милошевиќ, Жељко Ражнатовиќ (Аркан), Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, планирале, поттикнувале, нарачувале, извршувале или на друг начин помагале и планирале, подготвувале или извршувале прогонства врз босански муслимани, босански Хрвати или други не-српско население од 37 општини во Босна и Херцеговина.

По падот на комунизмот и распаѓањето на Југославија, за време на војната, силите на босанските Срби презедоа контрола над околу една третина од босанската територија. Околу 100 000 луѓе беа убиени, а 2,2 милиони муслимани и Хрвати беа протерани од нивните домови, сè додека конфликтот не заврши со Дејтонскиот мировен договор со посредство на САД.

Краишник беше ослободен во септември 2013 година, откако отслужи две третини од својата 20-годишна затворска казна. По ослободувањето се залагаше обединување на делови на Босна со соседна Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот