Казанче - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Не се сеќавате кога последен пат сте го исчистиле казанчето? Додадете една состојка и брзо ослободете се од бигорот

Ако го отстраните поклопецот од казанчето во бањата, можеби ќе бидете изненадени од количината на нечистотија и бигор што се насобрала. Иако повеќето луѓе редовно ги чистат своите тоалети, казанчето често се занемарува – а тоа е клучот за правилно пуштање вода и чистота.

Добрата вест е дека не ви треба водоводџија или скапи хемикалии – можете темелно да го исчистите користејќи состојки што веќе ги имате дома.

10 трикови за совршено чисто казанче

Оцет и сода бикарбона

Растворете една шолја сода бикарбона во оцет, сипете ја во казанчето и оставете ја преку ноќ. Наутро исплакнете со топла вода – резултатот е пена и чистота.

Таблети за чистење

Ставете во казанчето и оставете ги преку ноќ. Тие се ефикасни во отстранувањето на бигорот, но внимавајте да не ја сменат бојата на веце школката.

Магични марамчиња

Идеални за отстранување дамки и ‘рѓа – и во казанчето и во школката.

Детергент и оцет

Измешајте 1 дел детергент и 3 дела оцет. Истурете во резервоарот и оставете да делува – остава свеж мирис и сјај.

Кондензирано млеко

Измешајте кондензирано млеко и сода бикарбона (1:3). Нанесете ја пастата на бигорот, оставете ја два часа и исплакнете ја. Делува без јаки хемикалии.

Одзатнувач за тоалет

Доколку имате застоена вода, потопете го озатнувачот и отстранете ги наслагите со домашни пасти.

Белило и сода бикарбона

Измешајте две лажици белило и една шолја сода бикарбона. Користете повремено, но внимателно – белилото може да ја промени бојата на керамиката.

Средство за чистење тоалет и оцет

За стари, жолти или ‘рѓосани дамки – одлична комбинација. Исплакнете темелно по употреба.

Сок од лимон

Исечете лимон на половина и со него истријте го резервоарот. Лимонската киселина го отстранува бигорот и остава свеж мирис.

Четка за заби

За тешко достапни места. Нанесете ја пастата и истријте – темелно и прецизно.

Совет плус

Чистиот резервоар не само што изгледа поубаво, туку спречува и дефекти, протекување на вода и непријатни мириси .
Затоа – една состојка и малку труд можат да направат голема разлика!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот