„Не попушта“: Принцот Чарлс нема намера да се сретне со Хари кога ќе пристигне во Лондон

Profimedia
Фото: Profimedia

Според британските медиуми, принцот Чарлс нема намера да се сретне со принцот Хари, кој треба да пристигне во Велика Британија кон крајот овој месец.

Имено, во моментот кога принцот Хари ќе слета во Лондон од Лос Анџелес за да присуствува на откривањето на новата статуа на неговата покојна мајка, принцеза Дијана, неговиот татко и идниот британски крал, принцот Чарлс, ќе биде далеку од Лондон.

Во пресрет на доаѓањето на неговиот син, како што пишува „The Sun“, принцот Чарлс ќе замине во неговиот шкотски имот во Балморал.

Profimedia
Фото: Profimedia

Чарлс јасно стави до знаење дека нема намера да остане во Лондон… Tој рече дека оди во Шкотска и не е договорена официјална средба меѓу таткото и синот“, откри извор близок до британското кралско семејство.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

36-годишниот принц Хари треба да пристигне на крајот на месецот, за да присуствува на откривањето на статуата на 1 јули – денот кога принцеза Дијана ќе наполнеше 60 години.

Истоимениот медиум исто така истакна дека кога ќе пристигне во Лондон, војводата од Сасекс мора да помине пет дена во карантин пред да се сретне со 39-годишниот принц Вилијам.

epa-efe
ФОТО: ЕPA-EFE/LIONEL HAHN

Браќата ќе пристигнат заедно, само од почит кон нивната мајка“, открил изворот, додавајќи дека и двајцата принцови инсистирале на посебни говори. Тие размениле само неколку кратки пораки поврзани со организацијата на настанот.

Нивниот однос сè уште е комплициран, а постојаните медиумски појави на принцот Хари дополнително ја разгоруваат целата ситуација.

Принцот Чарлс е првиот член од кралското семејство со реакција за ќерката на Меган Маркл и принцот Хари

Дали принцот Хари ќе присуствува на откривањето на статуата на принцезата Дајана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот