Принцот Чарлс е првиот член од кралското семејство со реакција за ќерката на Меган Маркл и принцот Хари

Profimedia
Фото: Профимедиа

По раѓањето на Лилибет Дијана, ќерката на принцот Хари и Меган Маркл, светската јавност со нетрпение ги очекуваше реакциите на членовите на кралското семејство. Иако тие објавија честитка на нивниот официјален инстаграм-профил посакувајќи ѝ добредојде на внуката, јавноста сакаше да слушне поединечни изјави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

„Тоа се прекрасни вести. Развојот на технологијата, особено на електричните возила е витален за одржување на светското здравје за идните генерации, нешто за кое сега станувам посвесен бидејќи неодамна станав дедо по петти пат“, прв ѝ се обрати на јавноста принцот Чарлс кој беше во посета на компанијата „Mini Plant“ во Оксфорд која произведува електрични автомобили.

epa-efe
EPA-EFE

„Вакви среќни вести навистина потсетуваат колку е неопходна континуираната иновација во овој поглед, заради наследството што го оставаме на нашите внуци“, соопшти принцот Чарлс.

Веднаш по неговата изјава, на социјалните мрежи почнаа да се редат негативни коментари на сметка на принцот Чарлс. Многумина сметаат дека неговата изјава не е искрена, со оглед на целата ситуација која настана кога Меган и принцот Хари ја напуштија Велика Британија и нивните неодамнешни скандалозни интервјуа.

ФОТО: Принцот Чарлс ја исфрли Меган, со интимната фотографија ѝ удри шлаканица

Хари и Меган ја добија ќерката Лилибет Дијана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот