НЕ МОЖЕВ ДА ЈА ПОДНЕСАМ, ЈА МРАЗЕВ ОД КОГА ЈА РОДИВ: Исповед на мајка која ќе ве расплаче

Бременоста и породувањето треба да бидат најсреќните моменти во животот на една жена, но за жал кај многу тоа не е така. Така е и во овој случај каде оваа жена признава дека страдала од постпородилна депресија.

Постпородилната депресија се уште е табу тема. Некои мајки можат да ја препознаат, а оние кои стравуваат дека ја имаат, се плашат тоа да го признаат. Не била свесна што и се случува. Била преплашена и се срамела. Никогаш немала психички проблеми.

– Од моментот кога ја родив – ја мразев – раскажува оваа мајка.

– Се чувствав како да сум ја издала еволуцијата. Да се грижите за детето е основен инстинкт, а јас тоа не го можев, вели таа. Од болница била пуштена пет дена по породувањето.

– Се сеќавам дека на излезот сестрата ми рече „Толку е прекрасна“, а јас само размислував како и одговарам: Ве молам, не ме терајте да ја земам со себе. Кога дојдовме дома, сфатив дека не знам ништо за одгледување на дете, додава таа.

Новороденчето не спиело многу и често плачело, а поради тоа таа се чувствувала уште полошо.

– Мојот сопруг почна да се сомнева дека нешто не е во ред, раскажува мајката.

Бидејќи премногу време поминував плачејќи во бањата и излегував со црвени очи и натечени очи беше забележливо дека нешто не е во ред. Не можев да признаам дека сум одвратна личност, а тој знаеше дека нешто се случува па започна да ми помага, но тогаш почнав да халуцинирам. Ми се чинеше дека очите на ќерката се црни и дека нејзината глава има необичен облик.

– Како да е вонземјанин – се присетува. Таа ситуација всушност била и врвот за да сфати дека е болна. Повикала доктор кој дошол за десетина минути. Добила помош од психијатар, психолог и сестра за психичко здравје, но и здравствен работник кој ја посетувал барем еднаш неделно.

Неколку пати неделно поминувале два патронажни сестри кои морале да проверуваат дали е се во ред со цел таа да не си наштети самата на себе.

– Никогаш не требаше да се сомневам во мажот. Жени, разговарајте со своите партнери, немојте да се срамите. Не морате низ тоа да поминувате сами. Побрзо ќе се опоравев доколку побарав навремено помош – порача таа. Таа вели дека била подобро дури една година по породувањето.

– Не и кажав ниту на мајками. За тоа не говориме бидејќи е табу, а постојат навистина добри начини да им се помогне на луѓето кои страдаат од постпородилна депресија и психоза.

-Немојте тоа да ве спречи да имате деца. Мојата ќерка е прекрасна, порача таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот