НЕ Е СЀ ВО БРЗИНАТА: Победник е оној кој што последен ќе стигне на целта! (ГАЛЕРИЈА)
Трката е дел од кампањата „НЕ Е СЀ ВО БРЗИНАТА” чија цел е сите управувачи на мотори да стигнат до целта со мала брзина. Забавата е и во малите брзини.
Пред сѐ дружење, голем број присутни, забава, музика (претежно рокенрол), храна, пијалоци, сѐ во духот на овој добронамерен настан, кој претставува еден одличен пример не само за сегашните, туку и за идните генерации.
Трката се одвива во 4 категории :
– Скутери
– Моторцикли до 250 цм3
– Моторцикли од 251 цм3 до 600 цм3
– Моторцикли од 601 цм3 до 1000 цм3
– Моторцикли поголеми од 1000 цм3
Оваа бавна трка се организира пред просториите на Мото клубот Вепар во Скопје на Булевар Илинден, бр. 140 веднаш после бензиската пумпа на Макпетрол и БМВ сервисот.
Се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација – победникот продолжува со натпреварување. Победник е оној кој што ќе стигне последен до целта.
Правила :
– Учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија
– Учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката )
– Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник
Целта со овој настан да се испрати апел до јавноста, до возачите на скутери и мотори, автомобили и други возила да се внимава на брзината на движење во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на сите учесници.
[foogallery id=”93548″]