Ндомбеле за рекордни 70 милиони евра во Тотенхем!

twitter.com/SpursOfficial

Тотенхем доведе нов фудбалер од средниот ред во чиј дел дефинитивно ќе донесе уште поголема сигурност во играта на италијанскиот менаџер.

За Тотенхем ова е нов клупски рекорд, првиот човек Даниел Леви одвои неверојатни 70 милиони евра, од кои 60 фиксно, а уште 10 во форма на бонуси.

Претходното најскапо засилување на лондонскиот тим беше Дејвинсон Санчез, за ​​кого беа платени 42 милиони фунти пред две години.

Ндомбеле потпиша договор на пет години со опција за дополнителни 12 месеци и ќе биде еден од најплатените играчи на клубот.

За францускиот репрезентативец со потекло од Конго претходно интерес покажаа Манчестер јунајтед, ПСЖ и Јувентус. Французинот е второ засилување во пресрет на новата сезона, беше ангажиран и Џек Кларк кој веднаш беше вратен во Лидс како позајмица.

Интересен е податокот што дури 517 дена чекаше европскиот вицешампион да купи нов фудбалер, последен пат тоа го направи на 31 јануари 2018 година кога дојде Лукас Моура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот