НБРМ и ОПМ ќе се залагаат на унапредување на заштитата на корисниците на банкарски услуги

Во дел од активностите на Народната банка и ОПМ, акцентот ќе биде ставен на уште поголема финансиска едукација на населението.

Со координирани активности за унапредување на регулативата поврзана со заштитата на правата на потрошувачите, како и за обезбедување уште подобро и поефикасно информирање на потрошувачите од страна на банките и штедилниците, Народната банка и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) заеднички ќе се залагаат за натамошно унапредување на заштитата на потрошувачите – корисници на услугите на банките и штедилниците, во согласност со добрите практики и стандардите во Европската Унија.

Во дел од активностите на Народната банка и ОПМ, акцентот ќе биде ставен и на уште поголема финансиска едукација на населението. Со ваква цел и вакви определби за првпат се склучи меморандум за соработка помеѓу Народната банка, претставена од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и ОПМ, претставена од претседателката, Маријана Лончар-Велкова.

„Во текот на минатата година бевме посветени и на подготовка на нова регулатива за платежните услуги, којашто ќе овозможи и повеќе механизми за институционална заштита на потрошувачите, што е и една од поновите функции на современите централни банки. По почнувањето на корона-кризата, посебно се им посветивме на измените на регулативата со коишто им се овозможи на банките и штедилниците да им излезат во пресрет на кредитокорисниците и да овозможат намалување на нивниот финансиски товар во повеќемесечен период.” – посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска на средбата на којашто беше склучен меморандумот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот