НБА трансфери: Јута го размени Гобер во Минесота, Зајон Вилијамсон доби богатство од Њу Орлеанс

Руди Гобер/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Првиот ден од преодниот рок во НБА лигата донесе голем број размени, а најзвучно име кое го промени клубот е еден од најдобрите дефанзивци Руди Гобер кој од следнатата сезона ќе настапува за Минесота тимбервулфс.

Новинарот Адријан Војнаровски објави дека Јута џез го размени Гобер во Минесота за Малик Бисли, Патрик Беверли, Вокер Кеслер (избор од годинешниот драфт), заедно со неколку избори од првата рунда во следните драфтови и изборот од 2029 година кој ќе биде меѓу првите пет.

Со оваа размена се решени проблемите во тимот бидејќи Гобер е во лоши односи со првата ѕвезда на екипата, Донован Мичел.


Гобер девет сезони настапува во НБА лигата, а во последните шест години беше дел од најдобрата одбранбена петорка, а три пати беше прогласуван за најдобар дефанзивец во лигата. Минатата сезиона просечно постигнуваше по 15,6 поени и 14,7 скока по натпревар.

Њу Орлеанс Пеликанс се одлучи да ризикува со својата најголема ѕвезда, Зајон Вилијамсон му понуди максимален договор, 231 милион долари за пет сезони.

Овој потег на Њу Орлеанс ја изненади јавноста бидејќи Вилијамсон во првите три сезони одигра само 75 натпревари поради проблеми со повредите и прекумерната тежина, кошаркарот моментно тежи дури 130 килограми.

Денвер продолжува да гради тим за кој управата се надева дека ќе може да му помогне на Никола Јокиќ сериозно да се замеша во борбата за титулата. Крилото Брус Браун јуниор од Бруклин Нетс потпише двегодишен договор вреден 13 милиони долари  до Денвер.

Актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс реши да не ја продолжи соработката со двајца играчи кои придонесоа за освојување на титулата. Гери Пејтон јуниор ќе заработи 28 милиони долари за три сезони во Портланд треилблејзерс, додека Ото Портер потпиша за Торонто.

Рики Рубио потпиша тригодишен договор со Кливленд кавалирс за 18 милиони долари.
Чикаго не ја пропушти можноста да потпише максимачен договор со својот најдобар играч Зек Лавин. Лавин кој минатата сезона постигнуваше просечно по 24,4 поени потпиша петгодишен договор со Чикаго за 215 милиони долари.


Јусуф Нуркиќ потпиша четигодишен договор со Портланд за 70 милиони долари, додека Мичел Робинсон останува во Њујорк Никс и во наредните четири сезони за што ќе инкасира 60 милиони долари.

Бостон селтикс направи размена со Индијана пејсерс со која го доби ол стар бекот Малком Брогдон. За да дојде до Брогдон, Бостон се откажа од Даниел Тајс, Арон Несмит и избор од првата рунда на драфтот во 2023 година.

Голден Стејт одлучи да го задржи својот центар Кевон Луни кој се согласи да потпише тригодишен договор вреден 25,5 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот