НБА: Победи на кошаркарите на Филаделфија, Кливленд и Милвоки во плеј-офот на Истокот

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Филаделфија по едно продолжение го совладаа тимот на Њујорк со резултат 112:106 во петтиот натпревар од првото коло од плејофот на Источната конференција во НБА лигата.

Со оваа победа Филаделфија го намали резултатот на 3:2 во серијата која се игра на четири победи.

Најефикасен во тимот на Филаделфија беше Тајрис Макси со 46 поени, додека Џоел Ембиид запиша 19 поени, 16 скока и десет асистенции. Кај домашните најдобар беше Џејлен Бренсон со 40 поени. Следниот натпревар ќе се игра утревечер во Филаделфија.

Кливленд на свој терен триумфираше над Орландо со резултат 104:103, и така поведе со 3:2 против Орландо во првото коло од плеј=офот на Истокот.

Најефикасен во победничкиот тим беше Донован Мичел со 28 поени, додека Дариус Гарланд постигна 23. Најдобар во поразениот тим беше Паоло Банкеро со 39 поени. Следниот меч ќе се игра за два дена во Орландо.

Милвоки пред своите навивачи славеше против Индијана со 115:92 и намали на 3:2 во првото коло од плеј-офот на Истокот. Најефикасни во тимот на Милвоки беа Крис Мидлтон и Боби Портис кои постигнаа по 29 поени. За Индијана се истакна Тајрис Халибартон со 16 поени. Индијана е домаќин на следниот натпревар кој ќе се игра утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот