НБА откажа два важни настани, без гледачи до крајот на годината

twitter/Chicago Sun-Times

НБА лигата соопшти дека на неодредено време ги откажа „лотаријата“ на која се одредуваше распоредот по кој екипите ќе избираат на драфтот, како и тестовите за физичките предиспозиции кои потенцијалните НБА играчи ги прават пред НБА драфтот.

Овој потег на НБА е очекуван бидејќи пандемијата на коронавирусот во САД не стивнува, а следен настан кој најверојатно ќе биде откажан е НБА драфтот.

Сепак, комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, не се откажува од завршување на сезоната и веќе се разгледуваат неколку сценарија.

Засега НБА лигата најблиску е да донесе одлука завршницата да се игра во еден град, во Лас Вегас, а сите кошаркари би биле сместени во еден хотел „Resort International“. Исто така Силвер смета дека за да се продолжи сезоната потребни 15.000 тестови за ковид-19.

Комесарот на НБА лигата веќе одржат средба со сопствениците на сите 30 екипи кои дале начелна согласност за планот на Силвер, сезоната да се заврши со еден град, исто како и за идејата новата сезона да започне во декември.

– Доколку сезоната започне во декември, тоа не значи дека навивачите веднаш ќе се вратат на трибините. Нив ги очекуваме наредната година – изјавил неименуван член на бордот на НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот