Навивачите победија: „Братското дерби“ ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово

Натпреварот помеѓу Тетекс и Вардар сепак ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово/фото: фејсбук/Војводи Тетово

Натпреварот помеѓу Тетекс и Вардар во рамки на Втората Лига сепак ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово во сабота со почетоко од 14 часот.

Претходно градските власти во Тетово порачаа дека нема да биде дозволено наптреварот помеѓу Тетекс и Вардар да се игра на Градскиот стадион, сепак апелот на навивачите натетовскиот тим „Војводи“ вроди со плод и „братското дерби“ сепак ќе се игра во Тетово.

„ Голема благодарност до сите медиуми и портали кои веднаш го споделија нашето соопштение и со тоа целата јавност беше запознаена со нашиот проблем, голема благодарност и до нашите браќа Комити и до сите навивачки групи кои веднаш се одзваа за поддршка и за нивно присуство на протестот кој го најавивме, исто така и голема благодарност и до сите љубители на спортот и сите Македонци кои исто така понудија поддршка.

Сакаме сите да ве информираме дека најавениот протест нема да се одржи затоа што Тетекс сепак во сабота ЌЕ ИГРА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО ТЕТОВО !

По тој повод Ве повикуваме сите да дојдете на стадион и да го проследите братското дерби Тетекс – Вардар и сите заедно да го прославиме нашиот празник 23 Октомври, денот на Внатрешната македонска револуционерната организација!“ соопштија „Војводи“, а потоа се огласија и „Комитите“ најавија масовно присуство на трибините на Градскиот стадион во Тетово.

„По сите перипетии конечно разумот преовлада, па Братското Дерби ќе се одигра во предвидениот термин – Сабота од 14:00ч. на Градскиот Стадион во Тетово.
А кој би ги составил коцките за еден ваков совршен совршен ден?
Натпреварот се игра на 23-ти Октомври – Денот на Македонската Револуционерна Организација !
Заедно со браќата Војводи ќе го обележиме со заеднички спектакл, низ Тетовските улици и на трибините.
Последен пат кога бевме заедно беше Декември, 2019 година на мечот со Шкендија во Скопје. Па токму од тој ден и од тој ретко виден спектакл и невидена еуфорија, ви ја презентираме оваа видео најава која е составена од материјали кои досега не се објавени. Премиерно ви ги објавуваме за да ја доловиме атмосферата тогаш, која претставува одлична увертира за она што ќе се случува во Сабота.
Силно нека одекнуваат нашите песни !
Улиците нека се тресат, затоа што на нив ќе маршираат јунаците – наследници на Организацијата !
За борбата за Македонија, која нема ниту почеток а ниту крај !
За Братството, кое ќе трае вечно !
За Вардар, За Тетекс, За Војводи, За Комити, За Скопје, За Тетово – ЗА МАКЕДОНИЈА !“, објавија „Комити“.

Видео на денот