Навивачите нападнаа погрешен Ајзеа Томас: Не можев да го тепам Џордан, тогаш бев во пелени

Сите се накомија на мене на Твитер, сите се лути. Јас, не сакав да го повредам Џордан – изјави младиот Ајзтеа Томас кој прита објави фотографија на која е заедно со Ајзеа Томас од Детроит пистонс.

Мајкл Џордан во последните две епизоди од „Последниот танц“ зборуваше и за односот со Ајзеа Томас, предводникот на Детроит пистонс кои во 1980-тите и 1990-тите години важеа за „лошите момци“ во НБА лигата поради жестоката игра во одбраната која се граничеше со вистинско тепање.

Легендата на Бостон селтикс, Лери Бирд  јавно кажа дека цел САД ги мрази Детроит и центарот Бил Лејмбир кој беше најголемиот „тепач“ во екипата. Центарот на Бостон, Роберт Периш пред ТВ камерите го нокаутира Лејмбир и за тоа помина без никаква казна.

Реакциите по изјавата на Џордан дека не може да му прости на Томас, ги натера фановите да започнат со навредите кон поранешниот играч на Детроит преку социјалните мрежи. Но, фановите на Твитер се накомија на 27 години помладиот Ајзеа Томас.

Ајзеа Томас беше кошаркар на Детроит пистонс и еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата. Тој е роден 1961 година, а во Детроит играше 13 сезони, од 1981 до 1994 година и освои две шампионски титули.

Ајзеа Џамар Томас е роден 1989 година, одличен бек кој досега промени шест екипи во НБА, но е далеку од славата на Томас од Детроит. Повредите го уништија големиот талент.

„Сите се накомија на мене на Твитер, лути се на мене. Па јас не сакав да го повредам Џордан“, напиша 31-годишниот кошаркар на Твитер, а потоа на еден од коментарите во кои фановите не веруваа во неговите зборови напиша „Јас бев во пелени тогаш“.

Ајзеа Томас како доказ, на постот постави слика на која се тој и легендарниот бек на Детроит пистонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот