Навивачите на Јунајтед слават, Вудворд си заминува од „Олд трафорд“

Во мандатот на Ед Вудворд имаше добри, но и лоши моменти на „Олд Трафорд“/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во денот кога навивачите победуваат во битката со фудбалските моќници, и фановите на Манчестер јунајтед издвојуваа победа во „војната“ која ја водат неколку години и тоа со Ед Вудворд кого го сметаат за директен виновник што легендарниот менаџер сер Алекс Фергусон замина во пензија во 2013 година.
Вудворд поднесе оставка од позицијата извршен потпретседател на Манчестер јунајтед, функција која ја извршува од 2012 година. Според Би-Би-Си кој прв ја објави веста, Вудворд ќе си замине од Јунајтед по завршување на оваа сезона, но не е познато дали оставката е поради Суперлигата.

Оваа вест доаѓа во време кога фудбалскиот свет е потресен од одлуката на 12. екипи меѓу кои е и Манчестер јунајтед да формираат европска Суперлига.
Но, денеска Челси повлече нога по што истото го стори и Манчестер сити кои веќе започнаа да ја подготвуваат документацијата за излегување од Суперлигата.

Челси повлече нога, сега и шпанските Атлетико и Барселона се пред откажување, Мегваер и соиграчите го натераа и Јунајтед да ретерира

Ед Вудворд заедно со сопствениците на Јунајтед, американското семејство Глејзер, се најомразените личности кај навивачите на „црвените ѓаволи“ кои се во очекување до крајот на денот да издвојуваат уште една победа. Имено, медиумите во Англија известуваат дека и Јунајтед планира да ги следи чекорот на Челси и градскиот ривал и да се повлече од Супер лигата.

ВИДЕО: Навивачите победија, Челси се повлекува од Суперлигата

ВИДЕО | Стојмановски: Тешко дека ќе помине идејата за Супер лига, клубовите ќе водат војна со своите фанови и со владите

УЕФА ја добива војната со Суперлигата, и Ањели си замина од Јувентус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот