УЕФА ја добива војната со Суперлигата, и Ањели си замина од Јувентус

twitter/JUVE FAN INFO

Обидот на фудбалските гиганти да формираат затворено натпреварување, европска Суперлига, денеска дефинитивно доживеа фијаско.
Заканите од УЕФА и од ФИФА, но највеќе од навивачите кои веднаш излегоа на протести по објавата дека е формирана Суперлигата и тоа од 12 екипи (Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид,Јувентус, Милан, Интер, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Ливерпул, Челси, Тотенхем), вродија со плод. Денеска Челси, Манчестер сити, Атлетико Мадрид и Барселона најавија дека се повлекуваат од Суперлигата, а најавено е откажување и од Манчестер Јунајтед и Арсенал по што почнаа да фрчат оставки кај екипите.


Пред неколку минути, Ед Вудворд одлучи да го напушти Манчестер јунајтед на крајот од сезоната, а сега истото го стори и најголемиот заговорник за Суперлигата, Андреа Ањели.
Според италијанските медиуми, Ањели вечерва поднел оставка од претседателската функција во Јувентус, но оваа информација се уште не е потврдена од тимот од Торино. 

Навивачите на Јунајтед слават, Вудворд си заминува од „Олд трафорд“

Челси повлече нога, сега и шпанските Атлетико и Барселона се пред откажување, Мегваер и соиграчите го натераа и Јунајтед да ретерира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот