Научниците: Ова е убедливо најдобрата намирница за здравјето на мозокот

unsplash
Фото: Unsplash

Научниците откриле дека здравите постари луѓе што секојдневно консумирале концентриран сок од боровинки, покажале значително зголемување на активноста на мозокот, протокот на крв, па дури и памтењето во споредба со плацебо групата по само неколку недели, пишува „Ochsner Health“.

Се покажало дека антиоксидантите, особено флавоноидите, во боровинките ги поттикнуваат овие ефекти, како и дека нудат други придобивки за здравјето на мозокот, вклучувајќи:

– Намалување на ризикот од деменција
– Намалување на ефектите од Алцхајмерова болест
– Спречување на губење на меморијата поврзана со возраста
– Зајакнување на мозочните клетки
– Зголемување на концентрацијата и фокусот
– Подобрување на менталното здравје

Боровинките исто така имаат малку калории и шеќер. Боровинките содржат околу една третина од калориите од другите овошја какви што се бананите, со околу 20 отсто помалку шеќер. Тие се едни од најбогатите бобинки и изобилуваат со влакна, витамин Ц, витамин К и манган. Боровинките се полни со вода, што ги прави хидратантни. Секоја боровинка содржи околу 85 отсто вода.

Свежи или замрзнати?

Кога станува збор за дебатата помеѓу изборот на свежи или замрзнати боровинки, одговорот е… и двете! Без разлика дали се консумираат свежи, замрзнати, конзервирани или како екстракт, боровинките нудат безброј здравствени придобивки. Всушност, замрзнатите боровинки – особено кога се замрзнати во моментот на берба – се исто толку хранливи како и свежите боровинки. Само не заборавајте да ги проверите внимателно етикетите за да бидете сигурни дека нема додаден шеќер.

Совети за купување боровинки

За да заштедите на трошоците, купете свежи боровинки кога се во сезона и цената е ниска. Потоа можете да ги замрзнете за да уживате подоцна.

Изблендирајте боровинки во смути, додајте ги во грчки јогурт или едноставно уживајте во свежи, директно од ќесичката.

Боровинките нема нужно да ги решат когнитивните проблеми или да нè направат веднаш попаметни. Меѓутоа, доста помагаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот