Наскоро ќе биде готова – Се создава најголемата слика на платно во светот, голема колку две фудбалски игралишта (ФОТО)
Британскиот уметник Сача Џафри веќе седум месеци во хотел во Дубаи работи на слика на платно со големина од две фудбалски игралишта, со желба да биде запишан во Гинисовата книга на рекорди и да им помогне на сиромашните деца.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бос на шареното платно со големина од околу 2.000 квадратни метри, растегнато во познат хотел во Дубаи, Џефри сака да го сруши светскиот рекорд за најголема слика на платно и да заработи пари кои би биле наменети за образовни и здравствени иницијативи за сиромашните деца.

Следната недела, кога ќе заврши работата на сликата, таа ќе биде пресечена на 60 парчиња, а тој се надева на дополнителни средства кога деловите од неговото дело „патот на човештвото“ ќе бидат ставени на аукција во февруари 2021 година.

„Купувачите ќе поседуваат дел од најголемата слика некогаш создадена, и покрај тоа, тие ќе имаат дел од историјата, односно дел од човештвото“, рече уметникот.

Џафри работи на своето уметничко дело уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот.
Тој објасни дека пандемијата го натерала да размисли за начините како да ги поврзе луѓето со цел да им се помогне на децата, особено на оние што живеат во најсиромашните делови на светот.

Деца од 140 земји посредно учествуваа во создавањето на уметничкото дело, испраќајќи му свои слики на авторот.



