Наскоро Ѓоковиќ ќе се соочи со проблем кој го имаат сите големи шампиони

фото: твитер

Поранешниот тенисер Грег Руседски, верува дека Новак Ѓоковиќ во наредниот период ќе се соочи со проблеми со мотивацијата.

Според Руседски, прашање е дали Ѓоковиќ ќе има вака голема мотивација за натпреварувањето кога ќе се пензионираат Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Српскиот тенисер има добри шанси да стане најтрофеен тенисер во историјата, Ѓоковиќ моментно е на бројката од 17 грен слем титули, два помалку од Рафаел Надал и три од Федерер.

Ѓоковиќ исто така со триумфот на Мастерсот во Рим стана најтрофејниот тенисер на турнирите од 1000 серијата со 36 титули, една повеќе од Надал.

Новак би можел да доминира во тенисот во наредните години, но јас мислам поинаку. Физички тоа може да го издржи, но има две деца и сопруга и не мислам дека во тој случај кога ќе се повлечат вашите најголеми ривали, вие да сакате да патувате секоја недела – вели Руседски.

Според Британецот, сè се менува кога тенисерот ќе основа семејство.

– Сите сакаат да бидат во своите домови во одреден момент, но не секоја недела. Животот се менува и тоа ќе биде најголемиот предизвик за Ѓоковиќ, значи повеќе ментален од физички – додава Руседски кој додава дека Надал и Федерер исто така ќе имаат големо влијание.

– Кога тие ќе си заминат, тогаш настапува проблемот на големите шампиони. Сите тие мораат да имаат некого кој ќе ги мотивира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот