НАШ ПРЕДЛОГ ЗА ФИЛМ: „The banker“ на фасцинантен начин ја опишува борбата против расизмот во САД

Фото: IMDB

Филмската сезона за 2020 година е веќе отворена, а некои од новите остварувања се достапни и можете да ги погледнете на интернет.

Поради ова, за овој празничен викенд ви препорачуваме да ја погледнете драмата базирана на вистинска приказна – „The Banker“.

Филмот на фасцинантен начин ја обработува познатата тема за расизмот во САД во шеесеттите години од минатиот век, а се состои од спектакуларна актерска екипа предводена од одличните Антони Маки и легендарниот Семјуел Л. Џексон.

Фото: Принтскрин

На угледната страница на „IMBD“, филмот има завидна оценка од 7.2 ѕвездички, додека на престижната страница „Rotten Tomatoes“, „The banker“ е опишан како остварување „кое нуди почит кон капитализмот и прикажува еден сосема несекојдневен хумор“.

Краток опис за филмот:

Револуционерен, млад и амбициозен бизнисмен по име Бернард Герет (Ентони Маки), заедно со својот партнер Џо Морис (Семјуел Л. Џексон), подготвуваат ризичен план да им помогнат на Афроамериканците во шеесеттите години во САД за и тие да можат да го живеат „Американскиот сон“.

Бернард и Џон купуваат многу објекти во Лос Анџелес, а потоа им ги издаваат на најпрестижните банки во САД.

Интересно е тоа што за да ги купат сите тие објекти тие користат белец, кој претходно го тренираат и го учат што треба да кажува, а тие се претставени како негови партнери кои работат во позадина.

Работите се комплицираат кога Бернард сака да купи банка во неговото родно место, Тексас, каде правата на Афроамериканците се прикажани на најниско ниво и расизмот таму е брутално секојдневие.

Иако повторно се обработува темата против расизмот, сепак во филмот се гледа и подемот на еден обичен човек со голема желба уште од мал да стане бизнисмен, а приказната е тензична до самиот крај.

Фото: IMDB

Преку глума на највиско можно ниво, до заплети и сосема неочекувани кулминации, „The banker“ е ново остварување кое дефинитивно го заслужува вашето внимание.

Погледнете го трејлерот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот