Направете си ја ова попладне – Старинска торта со мармалад

Состојки:

2 јајца

200 грама шеќер

200 грама брашно

150 милилитри масло за јадење

1 прашок за печиво

100 грама мелени ореви

6 лажици мармалад од сливи

Подготовка:

Во сад, убаво изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете се додека не добиете цврста смеса а потоа во садот додадете ги и брашното, маслото за јадење, прашокот за печиво и мелените ореви. Сите состојки убаво измешајте ги со помош на дрвена лажица.
Добиената смеса, истурете ја во претходно подмачкана тава за печење. Печете го пандишпанот во претходно загреана рерна на температура од 200 степени целзиусови околу 25 минути.

Испечениот колач, извадете го од рерна и почекајте да се излади. Одозгора премачкајте го со мармалад од сливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот