Наполи не простува, Лукаку ќе мора да плати 150.000 евра
Откако поминал две недели во Белгија без дозвола, искусниот напаѓач Ромелу Лукаку е казнет со 150.000 евра, а неговото заминување од Наполи на крајот од сезоната сè повеќе изгледа извесно.
Препорачано
Лукаку се врати во Италија по повеќе од две недели и во понеделникот оствари средба со директорот на клубот, Џовани Мана. На состанокот присуствувал и неговиот агент Федерико Пасторело, кој сега ќе има задача да пронајде нов ангажман за белгискиот напаѓач, кому му преостанува уште една година од договорот.
32-годишниот фудбалер на почетокот од сезоната заработи сериозна мускулна повреда, поради која го пропушти поголемиот дел од првата полусезона. Во тековната сезона забележа само еден гол на седум настапи, без ниту еднаш да биде во стартниот состав.
Според информациите, Лукаку не се сретнал со тренерот Антонио Конте, но се надева дека ќе биде подготвен за последните три натпревари во Серија А. Во наредните две недели повторно ќе престојува во Белгија, овојпат со дозвола од клубот, со цел целосно да се рехабилитира.
Фудбалери од Серија А се вмешани во скандал со луксузна проституција


