Италијанска полиција, Италија
Илустративна фотографија: Италијанска полиција / Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Фудбалери од Серија А се вмешани во скандал со луксузна проституција

Голема полициска операција во Италија разоткрила широка мрежа на луксузна проституција, во која, според истрагата, биле вмешани и луѓе од фудбалската елита.

Акцијата била спроведена под раководство на обвинителката Бруна Албертини, а откриена е организирана група која функционирала како агенција за настани, но зад неа се криела организација која нудела ексклузивни услуги со ескорт-дами за богати клиенти.

Според информациите на „Газета дело Спорт“, во целиот систем учествувале посредници и ПР агенти, а бизнисот бил внимателно структуриран. Клиентите добивале понуди за ноќни излегувања во елитни клубови во Милано, по што следувале престои во луксузни хотели со дополнителни „услуги“.

Посебен дел од понудата била таканаречената „услуга по натпревар“, наменета за спортисти, меѓу кои и фудбалери од Серија А. Се проценува дека организацијата остварила приход од над 1,2 милиони евра, а во истрагата се споменуваат најмалку 50 познати клиенти.

Покрај професионални ескорт-дами, во мрежата биле вклучени и помлади девојки кои добивале дел од заработката. Четворица главни осомничени се товарат за сериозни кривични дела, меѓу кои поттикнување и експлоатација на проституција, перење пари и учество во организирана криминална група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот