Напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

Санкт Петербург и Ленинградската област во саботата беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика привремено затворање на аеродромот Пулково и одложување на десетици летови, пренесува „Украинска правда“.

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, соопшти дека во округот Тосно се соборени четири дронови, а дополнителни летала биле уништени над градовите Кириши и Гатчина. Тој апелираше до жителите да ги избегнуваат индустриските зони и јавните места и наложи зголемена готовност на сите надлежни служби.

Слични информации пристигнаа и од гувернаторот на Санкт Петербург, Александар Беглов, кој потврди соборување на беспилотни летала во областите Пушкино и Красносел, нагласувајќи дека инцидентите се случиле далеку од станбени згради.

Властите дополнително предупредија на можни проблеми со мобилниот интернет во регионот поради зголемената активност на беспилотните летала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот