Наоми Вотс тешко се справува со карантинот: Доживеа мал нервен слом! (ВИДЕО)

инстаграм

Големите холивудски ѕвезди се дома додека трае пандемијата, а дека не им е лесно да ја поднесат изолацијата од општеството докажува 51-годишната актерка Наоми Вотс.

Таа на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа како доживеала мал нервен слом откако во ист ден и се расипале печатачот, машината за садови и правосмукалката.

– Карантин, ден 756. Кога во ист ден ќе ви се расипат машината за садови, печатачот и правосмукалката – напишала актерката покрај забавената снимка на која вреска со сета сила.

Многумина ова ги насмеа, но исто така предизвика и загриженост.

Иако не и е лесно во домот, Наоми вишокот време го користи за да им помогне на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот