Наоми Кембел открива како се справува со целулитот: Благодарение на овој третман манекенката изгледа неодоливо и во шестата деценија од животот

Фото: Profimedia
Фото: Profimedia

И покрај тоа што целулитот е природен и нормален, познатата манекенка Наоми Кембел успешно се справува со овој проблем со кој се соочува секоја жена.

Нејзината тајна е мадеро масажата, во која се користат текстурирани дрвени алатки за разградување на целулитот и измазнување на кожата.

„Не е болно, но не е ниту лесно. Како да прават леб од мене“, изјавила Наоми низ смеа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

„Се обидувам да го правам тоа колку што можам почесто затоа што имам 51 година, а жените на моја возраст имаат задржување на вода во нивните тела, особено во бутовите“, истакнала манекенката.

Иако Кембел верува дека целулитот не е привлечен, таа е свесна дека не може комплетно да се отстрани, иако техниките како мадеро масажа можат да помогнат да се намали неговото појавување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


„Факт е дека 90 проценти од жените независно од тежината, возраста и расата имаат целулит и тоа е нормално“, истакнал познатиот доктор и тренер д-р Хазел Валас преку пост на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)


„Разбирам дека може да биде загрижувачки за некои луѓе, но се надевам дека овој пост ќе делува како мал потсетник дека повеќето од нас го имаат и дека е нормална појава“, истакнал д-р Валас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот