Намален рејтингот за девизно задолжување на Јапонија

– Пандемијата на коронавирусот предизвика силен пад на јапонската економија, иако земјата на почетокот имаше успех во спречување на заразата, соопшти Фич.

Рејтинг агенцијата Фич ги ревидираше можностите за долгорочно задолжување на Јапонија во странска валута од „стабилни” на „негативни”.

Причина за тоа е остриот пад на домашната економија како последица на коронавирусот.

– Пандемијата на коронавирусот предизвика силен пад на јапонската економија, иако земјата на почетокот имаше успех во спречување на заразата, соопшти Фич.

Агенцијата ја потврди оценката на кредитниот рејтинг на Јапонија на „А”.

Се предвидува дека јапонската економија во вториот квартал ќе забележи голем пад, бидејќи здравствената криза ја погоди глобалната побарувачка, а вонредната состојба во земјата од средината на април до крајот на мај ги забави потрошувачките и деловните активности.

Иако Владата во Токио ги укина вонредните мерки, неодамнешниот раст на бројот на новозаразени лица би можело да изврши нов притисок врз економијата.

Фич проценува дека третата по големина светска економија во 2020 година ќе се намали за пет отсто, а следната година ќе забележи закрепнување за 3,2 процента.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот