„Налепница“ – црна комедија инспирирана од вистинска случка (ВИДЕО)

Црната комедија „Налепница“ по сценарио и режија на Георги М. Унковски освои награда за најдобар краток филм на „Бруклин филм фестивал“ во Њујорк. Филмот е во продукција на Cinema Futura. Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија проблеми. Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа, а маската и шминката за главниот лик – Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска. Проектот е поддржан и финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија

-Ова е втор мој филм после студиите. Приказната е инспирирана од вистински живот. Задоволство беше да се работи со целата екипа. Мислам дека е добро ова што Агенцијата за филм го прави последниво период а тоа е финасирање на младите автори, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше режисерот Георги Унковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот