Најстариот монарх во светот – Кралицата Елизабета држи дури шест Гинисови рекорди

инстаграм

Британската кралица Елизабета има 94 години и се уште е здрава и витална. На престолот на Обединетото Кралство е од февруари 1952 година, а во последните 68 години таа сруши дури шест светски рекорди и нејзиното име е исто толку пати запишано во Гинисовата книга на рекорди.

инстаграм

1. Елизабета II е кралица која најдолго владее со некоја монархија.

2. Таа е најбогатата кралица во светот, а нејзиното богатство се проценува на 310 милиони фунти, околу половина милион долари. Голем дел од богатството е во скапоцен накит, уметнички дела и недвижнини.

инстаграм

3. Таа го држи рекордот и по бројот на земји во кои во моментот е глава во државата. Елизабета иако нема политичка моќ, таа е кралица и на 16 земји од Комонвелтот.

4. Нејзиното лице се најде на банкнотите на 35 земји во светот. Кралицата Викторија беше на банкнотите на 21 земја, а кралот Џорџ на 19.

инстаграм

5. Таа е најстарата британска кралица во историјата.

6. Таа е најстариот монарх во светот, откако почина кралот на Саудиска Арабија, Абдула Бин Абдулазиз Ал Сауд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот